• недела, 12 мај 2024

Пол Џорџ: Нашата серија од шест порази силно нѐ мотивира

Пол Џорџ: Нашата серија од шест порази силно нѐ мотивира

Лос Анџелес, 20 февруари 2024 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Пол Џорџ, за серијата од шест порази рече дека силно го мотивирала тимот да се врати на победнички патеки.

- Серија од шест порази беше важна етапа за нас. Затоа што разбравме дека мора да смени нешто, дека работите не можат да бидат полоши. Мора да станеме подобри. Знаевме дека штом почнеме да победуваме, се ќе почне да функционира кај нас. Без таа серија веројатно немаше да го имаме овој пробив, да направиме скор 33-10. Немаше да го добиеме нашиот моментум без тие шест порази, истакна Џорџ.

Клиперс во моментов се на третото место во Западната конференција од НБА-лигата со 36 победи и 17 порази. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан