• недела, 21 јули 2024

Пол е петтиот играч во историјата на НБА со 500 натпревари со 10 или повеќе асистенции

Пол е петтиот играч во историјата на НБА со 500 натпревари со 10 или повеќе асистенции
Хјустон, 6 април 2021 (МИА) - Крис Пол е петти играч во историјата на НБА-лигата кој одигра 500 натпревари со 10 асистенции или повеќе. Триесет и петгодишниот кошаркар на Феникс им се придружи на Џон Стоктон, Меџик Џонсон, Џејсон Кид и Стив Неш. Ноќеска Пол им помогна на Санс да ги совладаат Хјустон рокетс на гости со 133:130 постигнувајќи 19 поени, 11 асистенции, пет скока и четири украдени топки. Феникс ја освои шестата последователна победа и е на второто место во Западната конференција. Во текот на својата кариера, Пол одигра 1.067 натпревари, во просек постигнувајќи 18,3 поени, 9,4 асистенции, 4,5 скока и 2,2 украдени топки. зс/

Остани поврзан