• вторник, 14 мај 2024

Полскиот репрезентативец Пиеховски нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Полскиот репрезентативец Пиеховски нов ракометар на Еурофарм Пелистер

 

Битола, 8 февруари 2024 (МИА) – Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ги засили своите редови со полскиот кружен напаѓач Матеуж Пиеховски.

„Повремениот полски репрезентативец и ракометар со големо искуство низ европските лиги веќе е во Битола и му се става на располагање на стручниот штаб“, соопшти вечерва клубот.

Дваесетиосумгодишниот Пиеховски кариерата ја почна во Висла, а потоа настапуваше за шпански Адемар Леон, руски Виктор Ставропол, германски Емшдетен и турски Бешикташ.

Корпулентниот Пиеховски, висок 210 сантиметри, потпиша договор на една и пол година со Еурофарм Пелистер и официјално ќе биде претставен следната недела.ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан