• четврток, 26 март 2026

Полска ќе добие 43,7 милијарда евра од програмата „Безбедносна акција за Европа“

Полска ќе добие 43,7 милијарда евра од програмата „Безбедносна акција за Европа“

Варшава, 9 септември 2025 (МИА) – Полскиот министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш најави дека Полска ќе добие 43,7 милијарди евра во рамките на програмата на ЕУ „Безбедносна акција за Европа“ (Security Action for Europe /SAFE) за зајакнување на своите вооружени сили.

- Полска ќе биде најголемиот корисник на оваа импресивна иницијатива, која вреди десетици милијарди евра. Не сум овластен да откривам детали, но можам со целосна доверба да кажам дека Полска ќе има апсолутно доминантна позиција во однос на користењето на ова финансирање, изјави полскиот премиер Доналд Туск.

Според него, Европската комисија треба да ја објави распределбата на средствата меѓу земјите што поднеле барања за добивање средства од програмата на ЕУ. Вкупната големина на фондот е 150 милијарди евра, а Варшава бара околу една третина од вкупниот износ (45 милијарди евра).

На вонреден состанок во Брисел во март беше усвоен план за вооружување на земјите од ЕУ во вредност од 800 милијарди евра, кој предвидува заедничко купување оружје. Подоцна, Советот на ЕК одобри создавање на програма за дејствување во областа на европската безбедност во износ од 150 милијарди евра како дел од долгорочната програма за воено вооружување до 2030 година.

На состанокот на НАТО минатиот јуни во Хаг, беше одлучено воените трошоци на европските земји да се зголемат на пет проценти од бруто домашниот производ до 2035 година. ми/

фото: Икс

Остани поврзан