• сабота, 15 јуни 2024

Полска ја враќа тампон зоната на границата со Белорусија

Полска ја враќа тампон зоната на границата со Белорусија

Варшава, 29 мај 2024 (МИА) – Премиерот на Полска, Доналд Туск денеска најави дека тампон зоната широка 200 метри на границата со Белорусија ќе биде обновена по ескалацијата на насилството, откако вчера еден од мигрантите обидувајќи се илегално да ја премине полската граница нападнал војник со нож.

- Во оваа ситуација, драматична како нападот на нашиот војник кој се бори за живот во болница, сакаме да знаете дека сме со вас, оти не станува збор за толеранција на нападот или двоумење во поддршката на нашите војници. Ни беше препорачано да ја обновиме тампон зоната и следната недела Владата ќе ја усвои таа одлука и ќе ја интензивираме работата на инфраструктурата и новиот тип ограда, посочи Туск.

Тој вети дека Владата, исто така, законски ќе регулира војниците, граничарите и полицајците да можат да ги користат сите расположливи средства што ги имаат за да се заштитат од такви напади. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан