• сабота, 16 ноември 2024

Полска: Ако не најдеме компромис со ЕУ, можни се предверемени избори

Полска: Ако не најдеме компромис со ЕУ, можни се предверемени избори
Варшава, 9 декември 2020 (МИА) - Доколку Полска не се согласи на компромис со Европската Унија за буџетот, тоа би можеле да доведе до привремени избори, изјави денеска заменик премиерот Јарослав Говин. Полска и Унгарија блокираат 1,8 билиони евра од буџетот бидејќи се спротивставуваат на идејата владеењето на правото да услов за пристап до парите од европскиот буџет и планот за обова ако не се сменат основните документи на ЕУ. - Ги оставам на страна правото на избор, ветото... Алтернатива за Обединетата десница се предвремени избори, кои не би и донеле ништо добро на Полска за време на пандемијата, истакна шефот на владејачката коалициска партија Договор, Говин. ми/

Остани поврзан