• понеделник, 23 декември 2024

Половина Хавана доби струја

Половина Хавана доби струја

Хавана, 22 октомври 2024 (МИА) - Потрошувачите во половина од Хавана, главниот град на Куба, денеска добија струја по четиридневниот прекин во целата земја, соопшти електростопанството на кубанската престолнина.

„Околу 50 отсто од клиентите сега имаат струја“, се наведува во извештајот на Електропривреда објавен, што го објави државниот портал за вести Cubadebate.

- Во петокот, 10 милиони жители на островот снемаа струја по падот на најголемата електрана за јаглен во Куба, што ја оштети мрежата, рече Лазаро Гуера, шеф за снабдување со електрична енергија во Министерството за енергетика.

Во саботата претпладне имаше нов дефект во снабдувањето со електрична енергија низ државата.

Пристигнувањето на тропската бура Оскар во неделата навечер ја влоши ситуацијата. Обилните дождови и ветрови погодија милиони Кубанци.

Кубанските власти прогласија „енергетска вонредна состојба“, ја прекинаа наставата во образовните институции и дел од јавните служби.

Откако луѓето излегоа на улиците да протестираат поради прекинот на електричната енергија, кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел рече дека работат на олеснување на ситуацијата, но предупреди дека нема да „дозволат вандалски акти“.

Кубанската влада соопшти дека се очекува струјата да биде вратена во поголемиот дел од земјата до вторник. паг/

Фото: ЕПА


 

 

 

Остани поврзан