• петок, 10 мај 2024

Полиција на Лас Вегас: Ликвидиран напаѓач на Универзитетот Невада, повредени лица се пренесени во болници во градот

Полиција на Лас Вегас: Ликвидиран напаѓач на Универзитетот Невада,  повредени лица се пренесени во болници во градот

 Лас Вегас, 6 декември 2023 (МИА) -  Полицијата во Лас Вегас сооопшти денеска дека е ликвидиран напаѓач на Универзитетот Невада откако претходно беше соопштено дека е регистрирано пукање во кампусот на тој универзитет.

- Има повредени во пукањето на Универзитетот во Невада кои се пренесени во локалните болници, изјави шерифот на полиција во Лас Вегас, Кевин Мекмахил на прес-конференција.

Истрагата е во тек, додаде тој, но не прецизира за бројот на повредени.

 Засега нема дополнителна опасност во кампусот на Универзитетот, соопшти полицијата

Полицијата во Лас Вегас, во соопштението објавено претходно на платформата за социјалните медиуми X, не ги објасни околностите на инцидентот, ниту бројот или состојбата на жртвите и ги повика жителите да ја избегнуваат областа. зш/

Остани поврзан