• недела, 22 декември 2024

Полицијата ќе врши проверки во приватни куќи каде се организираат забави и собири

Полицијата ќе врши проверки во приватни куќи каде се организираат забави и собири
Скопје, 19 март 2020 (МИА) - Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите во приватни куќи во кои се организираат забави и собири, со цел да спречи нивно одржување. - Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите во приватните куќи и вили во кои се организираат забави и собири во општина Сопиште и во населеното место Соње, со цел да се преземат мерки за спречување на ваквите собири, се наведува во заклучоците од вечерашната владина седница на која беа усвоени серија мерки врз основа на препораките усвоени на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб задолжен за целосна координација во врска со спречувањето на внесување и ширење на коронавирусот. Согласно оваа одлука, кон сопствениците на објектите и присутните лица во нив ќе се преземат соодветни законски мерки поради непочитување на мерките и препораките на Владата за справување со Ковид-19. Владата, исто така, го задолжи Министерството за внатрешни работи, доколку е потребно, да изработи Уредба со законска сила, со која ќе се нормира донесената одлука за забрана во период од 14 дена за одржување настава и спроведување обуки и испити во испитните центри од страна на школите за обука за возачи. сп/

Остани поврзан