• петок, 05 декември 2025

Полицијата уапси кумановец осомничен за кражба на мобилни телефони

Полицијата уапси кумановец осомничен за кражба на мобилни телефони

Куманово, 27 јуни 2025 (МИА) - Кумановската полиција уапси триесет и осумгодишен кумановец осомничен за кражба на мобилни телефони од продажен објект, соопшти денеска МВР. Телефоните биле вратени на сопственикот.

- Вчера во 15.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ф.(38) од Куманово, поради сомнение дека на 26.06.2025 од продажен салон во Куманово одзел мобилни телефони. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, информираше полицијата.

М.Ф. е приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. ам/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан