• сабота, 23 ноември 2024

Полицијата со солзавец и топови вода интервенираше против сезонските пожарникари кои протестираат пред Министерството за цивилна заштита на Грција

Полицијата со солзавец и топови вода интервенираше против сезонските пожарникари кои протестираат пред Министерството за цивилна заштита на Грција

Атина, 31 октомври 2024 (МИА) – Со солзавец, шок бомби и топови вода, грчката полиција вечерва интервенираше пред и во објектот на Министерството за цивилна заштита на Грција, против сезонските пожарникари, кои од претпладнево излегоа на протест, а сигурно се повредени најмалку две лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Сезонските пожарникари, кои бараат вработувања и работа во текот на целата година, организираа собир пред надлежното Министерство, попладнево успеаја да влезат во објектот, по што интервенираше полицијата и со употреба на сила и солзавец, како што самите објавија на социјалните мрежи, да ги растера.

Следеа сериозни инциденти и пред Министерството во населба во северниот дел на Атина.

Од грчката полиција соопштија дека „по завршувањето на средбата на претставници на сезонските пожарникари со претставници на Министерството, во вечерните часови останаа во зградата на Министерството, а по комуникација со надлежниот обвинител им беше даден рок да си заминат“, но и дека не напуштиле објектот, нанеле штета и фрлале предмети кон полицајците, „при што е повреден полициски службеник“.

Сезонските пожарникари најавија дека утре ќе одржат нов протест. ср/

Остани поврзан