• петок, 08 ноември 2024

Полицијата сè уште истражува кој украде турбинско масло во кругот на ТЕЦ „Неготино"

Полицијата сè уште истражува кој украде турбинско масло во кругот на ТЕЦ „Неготино
Неготино, 8 август 2022 (МИА) - Полицијата сè уште бара кој украде турбинско масло во кругот на ТЕЦ ,,Неготино", истрагата е во тек. Ова денеска го потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
- Засега нема конкретни информации што би можеле да се споделат со јавноста, се работи на случајот, рече Самарџиев.
МИА претходно, во јули, информираше дека во полиција била пријавена кражба на турбинско масло, во кругот на ТЕЦ „Неготино".
- На ден 13.7.2022 година во 12 часот, од страна на лицето Н. A.  е пријавено дека во кругот на АД ТЕЦ Неготино, има кражба на турбинско масло, кое било складирано во резервоар и тоа по нивно интерно мерење, недостасуваат 3500 литри турбинско масло, рекоа тогаш од СВР Велес. свд/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан