• понеделник, 13 мај 2024

Полицијата кај напаѓачката во училиштето во Нешвил пронашла планови за други напади

Полицијата кај напаѓачката во училиштето во Нешвил пронашла планови за други напади

Нешвил, 28 март 2023 (МИА) - Полицијата кај жената која го изведе нападот во училиштето во Нешвил и притоа уби шест лица, пронашла бележник во кој било нотирано дека таа  планирала и напади на други локации, соопшти американската полиција.

Во пронајдениот „манифест“ се наведувало дека „ќе има убиства на неколку локации и училиштето е едно од нив“, изјави шефот на полицијата во Нешвил, Џон Дрејк за американската телевизија.

Во приватното христијаснко основно училиште во американскиот град Нешвил вчера беа убиени три деца и тројца возрасни.

Напаѓач беше младата трансродова  жена Одри Елизабет Хол (28) која беше пронајдена мртва по вооружена пресметка со полицијата. Сд/

Остани поврзан