• петок, 22 ноември 2024

Полицијата и волонтери на Црвениот крст делеа совети и едукативен материјал за заштита од топлотен удар

Полицијата и волонтери на Црвениот крст делеа совети и едукативен материјал за заштита од топлотен удар

Охрид, 30 јули 2024 (МИА) – Во рамките на кампањата „Безбедно лето“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ и волонтери на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид во водите на Охридското Езеро спроведоа превентивно-едукативна кампања за заштита од топлотен удар.

Тим од полициски службеници и волонтери со полициски глисер реализираа патролни активности и остварија кратки средби со граѓани кои пловеа по езерото, при што низ разговор полициските службеници и волонтерите ги потсетуваа граѓаните како да се однесуваат при топло време и високи температури, како да постапуваат кога тие или други лица во пловилото не се чуствуваат добро, кои се првичните неопходни мерки при манифестирање топлотен удар, а им делеа и вода за освежување и ги потсетуваа на останатите препораки за заштита од топлотен удар.

Притоа посебно била нагласена потребата граѓаните да бидат добро хидрирани, да носат светла облека, да не користат алкохол пред и за време на управување со пловилото, да избегнуваат патувања во најтоплите периоди од денот, да практикуваат почести застанувања на брегот и престој под сенка, како и други корисни информации за зголемена безбедност.

На граѓаните им е поделен и едукативен материјал со практични препораки од Министерството за здравство и на Црвениот крст на РСМ „Како против топлотниот бран“. аб/дма/

фото:СВР Охрид

Остани поврзан