• четврток, 26 март 2026

Полицијата исели 400 мигранти од напуштено училиште во шпанскиот град Бадалона

Полицијата исели 400 мигранти од напуштено училиште во шпанскиот град Бадалона

Мадрид, 17 декември 2025 (МИА) – Полицијата во шпанскиот град Бадалона денеска исели околу 400 мигранти без документи од напуштено училиште.

Суд оцени дека училишната зграда во Бадалона, североисточна Шпанија, е небезбедна. Но, не изречи никаква мерка за изнаоѓање на сместување за мигрантите.

Полициската акција помина мирно, а приведени се 18 луѓе под сомнение дека претстојуваат во Шпанија без дозвола.

Мигрантите, воглавно од Сенегал и Гамбија, во училиштето се вселиле во 2023 година, а преживувале главно од продавање на отпаден метал. Некои од мигрантите имале дозвола за претстој и работа, но не можеле да си дозволат дом.

Градската власт на Бадалона понуди привремен смештај за околу 30 луѓе. Додека регионалната служба на Каталонија ќе згрижи уште 60 лица.

Иселувањето на мигрантите е на барање на градоначалникот на Бадалона, Ксавијер Гарсија Албиол, кој тврди дека сквотот претставува „опасност по јавната безбедност“. ми/ссм/

фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан