• сабота, 18 мај 2024

Полицискиот хеликоптер исфрли над 40 тони вода, локализиран пожарот во Општина Зелениково

Полицискиот хеликоптер исфрли над 40 тони вода, локализиран пожарот во Општина Зелениково

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) - Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска го упати хеликоптерот Бел-412ЕП и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, локализиран е пожарот во Општина Зелениково.

Како што соопшти МВР, хеликоптерот интервенирал по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожарот кој избувна меѓу селата Вражани и Моране во Општината Зелениково. 

-Хеликоптерот Бел-412ЕП врз пожарот исфрли над 40 тони вода, наведуваат од МВР. вг/аа/

Фото: МВР

Остани поврзан