Полицискиот хеликоптер исфрли над 15 тони вода, локализиран пожарот во атарот на село Жировница
- Со помош на полициски хеликоптер од Хеликоптерската единица за посебни намени кој исфрлил 15 тони вода локализиран е пожарот во атарот на село Жировница

Скопје, 13 април 2024 (МИА) - Со помош на полициски хеликоптер од Хеликоптерската единица за посебни намени кој исфрлил 15 тони вода локализиран е пожарот во атарот на село Жировница.
-Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во атарот на село Жировница, Општина Маврово-Ростуше, го упати хеликоптерот М171 од Хеликоптерската единица за посебни намени, при што со прецизно дејствување беа исфрлени 15 тони вода. Со тоа пламените јазици беа изгаснати и пожарот беше локализиран, информираат денеска од МВР. сст/дма/
Фото: МВР