Политичкиот трилер на Гоце Цветановски селектиран на Меѓународниот филмски фестивал на Бахамите
- Филмот „Бизнисот на Задоволството“ на македонскиот режисер Гоце Цветановски е избран во официјална конкуренција на престижниот Меѓународен филмски фестивал на Бахамите.
Скопје, 14 септември 2024 (МИА) - Филмот „Бизнисот на Задоволството“ на македонскиот режисер Гоце Цветановски е избран во официјална конкуренција на престижниот Меѓународен филмски фестивал на Бахамите.
Фестивалот, кој ќе се одржи од 13 до 17 ноември во Насау, е познат по својата богата историја и поддршка од големи имиња како Шон Конери, Николас Кејџ и Џони Деп. Филмот на Цветановски ќе биде прикажан во програмата „Духот на Слободата“.
Ова е 32. селекција за филмот, кој досега има освоено 10 меѓународни награди.
Од 19 септември, филмот кој е поддржан од Агенција за филм, ќе биде достапен и во кино салите низ државава.ар/лв/