• среда, 15 мај 2024

Политичар во Холандија бил нападнат два дена пред изборите

Политичар во Холандија бил нападнат два дена пред изборите

Амстердам, 21 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на десничарскиот холандски Форум за демократија (ФвД), Тиери Боде, бил нападнат за време на предизборни активности.

Нападот се случил два дена пред парламентарните избори во таа земја, соопшти неговата партија.

Боде бил удрен со пивско шише во задниот дел од главата и во слепоочницата, се наведува во соопштението. Политичарот се здобил со полесни повреди и бил пренесен во болница, поради што до крајот на денот морал да ги откаже сите јавни настапи.

Нападот, меѓу другото, го осуди и премиерот на Холандија во заминување, Марк Руте, велејќи дека такво нешто е „целосно неприфатливо“.

Партијата на Боде е позната како евроскептична, националистичка и антиимиграциска, а се очекува да освои четири или пет места во 150-члениот холандски Парламент на претстојните избори. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан