Политико: Во Белата куќа се водат внатрешни дискусии за можно укинување на санкциите за руските енергетски проекти, вклучувајќи го и гасоводот Северен тек 2
- Во Белата куќа се водат внатрешни дискусии за можното укинување на санкциите за руските енергетски проекти, вклучувајќи го и гасоводот Северен тек 2, како дел од напорите за постигнување мир во Украина, дознава американски Политико од извори запознаени со ситуацијата.

Вашингтон, 24 април 2025 (МИА) - Во Белата куќа се водат внатрешни дискусии за можното укинување на санкциите за руските енергетски проекти, вклучувајќи го и гасоводот Северен тек 2, како дел од напорите за постигнување мир во Украина, дознава американски Политико од извори запознаени со ситуацијата.
Американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф ја предводи иницијативата за олеснување на санкциите, додека државниот секретар Марко Рубио и секретарот за внатрешни работи Даг Бургам се противат на идејата.
Се смета дека укинувањето на санкциите би можело да и овозможи на Русија да се врати на европскиот пазар, што може да ги загрози американските извозници на ЛНГ.
Иако Виткоф предложи да се создаде листа на сите американски санкции против Русија, претставниците на Белата куќа нагласуваат дека предлогот се уште се разгледува и дека не е постигнат консензус.
Портпаролите на Белата куќа ги демантираат наводите за разговори за укинување на санкциите, нарекувајќи ги „неодговорно известување“. рп/
Фото: МИА архива