Политико: Русија и САД размислуваат за заеднички енергетски проекти на Арктикот
- На вчерашната средба помеѓу руската и американската делегација во Ријад се разговараше и за можна соработка на енергетски проекти на Арктикот, изјави рускиот преговарал Кирил Дмитријев за бриселскиот портал Политико

Москва, 19 февруари 2025 (МИА) – На вчерашната средба помеѓу руската и американската делегација во Ријад се разговараше и за можна соработка на енергетски проекти на Арктикот, изјави рускиот преговарал Кирил Дмитријев за бриселскиот портал Политико.
Директорот на државниот Руски директен инвестициски фонд наведе дека двете страни разговарале за „специфични области на соработка“.
Руско-американските разговори во Ријад, кои ги маргинализираа Украина и Европа, предизвикаа загриженост во клучните европски метрополи поради стравувањата дека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин ќе одлучат за иднината на Украина без значително учество на официјален Киев и неговите европски сојузници, оценува Политико. ми/
фото: МИА архива