• понеделник, 23 декември 2024

Поликлиниката Чаир ќе добие донација амбулантно возило

Поликлиниката Чаир ќе добие донација амбулантно возило
Скопје, 25 ноември 2022 (МИА) -  Граѓанското движење АВАЈА денеска ќе донира амбулантно возило на Поликлиниката Чаир во состав на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје,  за покривање и опслужување на граѓаните на Шуто Оризари, Чаир и Бутел. -АВАЈА во текот на 2021 година потпиша меморандум за спроведување ургентна интервенција за жителите на Шуто Оризари – донирање амбулантно возило и вработување две медицински сестри Ромки. Ова е втора реализација на иницијативите предвидени во пакетот здравствена помош. Со првата иницијатива е дадената поддршка на гинеколошката амбуланта во Шуто Оризари. До крајот на оваа година ќе биде реализирана и третата иницијатива – работно ангажирање на две медицински сестри Ромки за период од 24 месеци во некое од одделенијата во рамки на Здравствениот дом Скопје, информира  АВАЈА. Најавуваат дека на промоцијата на донацијата пред Амбулантата Шуто Оризари ќе присуствуваат Жељко Јовановиќ, директор на Канцеларијата за ромски прашања при Фондацијата Отворено Општество - Берлин,  Елвис Шаќири од Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико, проф. д-р. Виктор Исјановски, директор на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.лв/хс/

Остани поврзан