• сабота, 23 ноември 2024

Полесно добивање бизнис-виза во Грција

Полесно добивање бизнис-виза во Грција
Атина, 15 јануари 2020 (МИА) - Преку амандман доставен во Парламентот од алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтијадис Варвициотис полесен ќе биде процесот за добивање бизнис-виза за државјани на трети земји кои во Грција треба да присуствуваат на конференции, саеми, средби или настани од бизнис-карактер, јави дописничката на МИА од Атина. Доставениот амандман предвидува барањата за бизнис-виза да се разгледуваат во рок од 15 дена. Грчките граѓани кои организираат настани, конференции, средби и слично ќе треба до конзуларните претставништва на земјата да ја доставуваат бизнис-поканата наменета за државјани на трети земји, а воедно токму тие и да ја преземат и одговорноста за гостинот. Според министерот за надворешни работи на Грција, Милтијадис Варвициотис, амандманот е во вистинска насока и одговара на долгогодишното барање на коморите за олеснување на процесот за доделување бизнис-визи, бидејќи досега се соочувале со долги процедури за државјани на трети земји. Варвициотис додава дека во случај на прекршување на условите од страна на гостинот, тогаш компанијата ќе го загуби правото да поднесе ново барање. Амандманот е вклучен во законот за Брегзит, кој веројатно в петок ќе се гласа во грчкиот Парламент. ср/гт/

Остани поврзан