• недела, 22 декември 2024

Полагањето на државната матура во Прилеп се одвиваше непречено, само на еден ученик му е поништен испитот

Полагањето на државната матура во Прилеп се одвиваше непречено, само на еден ученик му е поништен испитот

Прилеп, 8 јуни 2024 (МИА) - Во петте средни училишта во Прилеп денешното полагање на државната матура помина непречено, потврдуваат директорите на училиштата. Само еден ученик е отстранет бидејќи кај него е пронајден мобилен телефон. Според правилата, испитот е поништен.

-Кај една матурантка е пронајден мобилен телефон, но не е констатирано препишување. Но, според прописите, испитот е поништен, вели весна Михаиловска, директорка на гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп.

Во петте средни училишта полагаа 723 матуранти. Главно, тие го избраа англискиот јазик. Само 20-тина проценти се одлучија да полагаат математика зашто ќе им биде потребно во факултетското образование. Тоа е случајот во прилепската гимназија каде има најголем број матуранти. Од 723, во гимназијата полагаа 220 ученици од кои 47 математика и само шест избраа да полагаат германски јазик. ем/сст/

Фото МИА

 

Остани поврзан