Покрената истрага против 38 Украинци за предавство
- Украинското Државно истражно биро покрена истрага против 38 лица под сомнение дека извршиле предавство

Киев, 10 март 2022 (МИА) – Украинското Државно истражно биро покрена истрага против 38 лица под сомнение дека извршиле предавство.
Истрага е покрената и против неколку полицајци од Мариупол и од Керсон под обвинение дека „активно ја поддржуваат и промовираат руската агресија“. Во Краматорск, Доњецк приведен е еден функционер, а слични акции биле регистрирани и на други окупирани територии.
Тие се под сомнение дека извршиле предавство во услови на воена состојба и работат за непријателот.
Во соопштението на украинското Државно истражно биро се наведува дека Сите предавници ќе бидат приведени и ќе одговараат строго пред законот. ми/