• четврток, 26 март 2026

Покоњоли: Погба е блиску до враќање во тимот

Покоњоли: Погба е блиску до враќање во тимот

Монте Карло, 29 октомври 2025 (МИА) - Главниот тренер на Монако, Себастијан Покоњоли, откри кога фудбалерот од средниот ред Пол Погба ќе може да се врати од повредата.

-Пол е блиску до враќање во тимот. Работиме на тоа секој ден. Сè оди добро во моментов. Очекувам дека ќе помине некое време пред да можеме да го видиме назад во тимот. Кога ќе се врати, ќе треба да процениме каков играч е сега. Оној што играше за Манчестер јунајтед или оној што беше во Јувентус, изјави Покоњоли за „Футмеркато“.

На 11 октомври, 32-годишниот Погба доживеа истегнување на мускулот на десниот бутен мускул за време на тренинг.

Монако ова лето го објави ангажманот на Погба кој отслужи суспензија поради допинг. Освојувачот на Светското првенство во 2018 година последен пат се појави на теренот на официјален натпревар во септември 2023 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан