• недела, 22 декември 2024

Покојниот Чедвик Боузман го позајми гласот за новата серија на „Марвел“

Покојниот Чедвик Боузман го позајми гласот за новата серија на „Марвел“
Лос Анџелес, 19 август 2021 (МИА) - Во новата серија на „Марвел“ и „Дизни плус“ - „Што ако...?“ како цртан лик се појавува и Т’Чала - Црниот Пантер, лик што го прослави глумецот Чедвик Боузман, кој почина лани. Неговиот глас разбуди емоции околу покојниот и, сега веќе легендарен актер. По тој повод се огласи и глумецот Крис Саливен, кој исто така, го позајмува гласот за серијата и за кого, ова било „горко-слатко искуство“. - Како прво, можноста да се биде на кој било начин поврзан со Т’Чала и Чедвик Боузман е неверојатна чест... Имаше многу чувства што се појавија слушајќи го и гледајќи го дури и во анимиран облик. Да се види љубовта што ја рашири со „Тасерфејс“ и да ги ублажи рабовите на Јонду и сите тие момци, исто така, е забавно подрачје за истражување, вели Саливен. Боузман снимил повеќе верзии на Т'Чала за „Што ако…?“ за првата сезона. Инаку, се работи за приказни од „паралелни“ или „алтернативи“ светови. - И секоја од нив е само нијансирана изведба заснована на прилично длабоки мисли што можете да ги кажете од неговиот дел и како сакаме да го прикажеме ликот, вели извршниот продуцент Бред Виндербаум.  си/ми/

Остани поврзан