• сабота, 21 февруари 2026

Познати 24 екипи кои ја минаа првата фаза во Лигата на шампионите на УЕФА

Познати 24 екипи кои ја минаа првата фаза во Лигата на шампионите на УЕФА

Нион, 29 јануари 2026 (МИА) – По завршувањето на осумте кола, познати се 24 екипи кои продолжуваат во следната рунда на фудбалската Лига на шампиони.

Осумте учесници кои обезбедија директен пласман во осминафиналето се: Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер сити.

Тимовите рангирани од 9. до 24. место: Реал Мадрид, Интер, ПСЖ, Њукасл Јунајтед, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Олимпијакос, Клуб Бриж, Галатасарај, Монако, Карабаг, Боде-Глимт и Бенфика ќе учествуваат во плејофот за место помеѓу 16-те најдобри.

Според пропозициите, во жрепката носители се тимови рангирани од 9. до 16. место.

Еве како ќе изгледа ждрепката за плејофот во Лигата на шампионите:
Двојката Реал Мадрид (9. место) и Интер (10.) ќе добијат ривал од парот Боде-Глимт (23.) / Бенфика (24.)

ПСЖ (11)/Њукасл (12) против Монако (21)/Карабах (22)

Јувентус (13)/Атлетико Мадрид (14) против Клуб Бриж (19)/Галатасарај (20)

Аталанта (15)/Баер (16) против Борусија Дортмунд (17)/ Олимпијакос (18)

Ждрепката за плејофот ќе се одржи утре (30 јануари) во Куќата на европскиот фудбал во Нион, Швајцарија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан