• четврток, 26 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Познати три полуфиналисти во Купот на Македонија, за четвртиот ќе одлучува ФФМ

Познати три полуфиналисти во Купот на Македонија, за четвртиот ќе одлучува ФФМ
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) – Екипите на Струга ТЛ, Македонија ЃП и Силекс ќе играат во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија. Ова е епилогот по денешните четвртфинални средби од националниот куп. За четвртиот полуфиналист ќе одлучуваат надлежните комисии во Фудбалската федерација на Македонија, откако натпреварот Шкупи – Шкендија во Чаир е прекинат поради влегување домашни навивачи на теренот и физички напад врз фудбалерите на Шкендија. Постигнати резултати: Силекс – Вардар 0:0, 3:2 на пенали Македонија ЃП – Академија Пандев 1:0 Струга ТЛ – Брегалница 2:0 Шкупи – Шкеднија прекин во 9. минута при резултат 0:1. зс/

Остани поврзан