• петок, 05 декември 2025

Познати полуфиналистките на Грен слемот во Њујорк

Познати полуфиналистките на Грен слемот во Њујорк

Њујорк, 4 септември 2025 (МИА) – На Отвореното првенство во САД, одредени се сите полуфиналисти во женска конкуренција. 

Првата носителка, белоруската тенисерка Арина Сабаленка ќе игра против Американката Џесика Пегула. 

Јапонката Наоми Осака ќе се соочи со Американката Аманда Анисимова. 

Двата меча ќе се играат ноќта четврток кон петок по македонско време.

Минатата година трофејот го освои Сабаленка - за прв пат во својата кариера. Во финалето, таа ја победи Пегула. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан