• сабота, 21 декември 2024

Познати номинациите за наградата „Лауреус“

Познати номинациите за наградата „Лауреус“
Монако, 16 јануари 2020 (МИА) - Угледната фондација „Лауреус“ од Монако ги објави номинациите за најдобри спортисти по категории за 2019 година, но меѓу нив не се наоѓа српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Кандидати за ова признание во машка конкуренција се Луис Хамилтон (формула 1), Елиуд Кипчоге (атлетика), Марк Маркес (мотоциклизам), Лионел Меси (фудбал), Рафаел Надал (тенис) и Тајгер Вудс (голф). Конкуренција за спортистка на година ќе бидат Симон Бејлс (гимнастика), Алисон Феликс (атлетика), Шели Ен Фрејзер Прајс (атлетика), Наоми Осака (тенис), Меган Рапино (фудбал) и Михаел Шифрин (скијање). Во најтесниот круг за наградата „тим на годината“ влегоа Ливерпул (фудбал), Мерцедес АМГ Петронас (формула 1), рагби репрезентацијата на Јужна Африка, кошаркарската репрезентација на Шпанија, НБА тимот на Торонто Репторс и женската фудбалска селекција на САД. Ривали во категоријата „пробив на годината“ се Бјанка Андрееску (тенис), Еган Бернал (велосипедизам), Коко Гоф (тенис), рагби репрезентацијата на Јапонија, Енди Руис (бокс) и Реган Смит (пливање). За наградата „кам-бек на годината“ се номинирани Нејтан Едријан (пливање), Софија Флорш (рели), Кристијан Леалифано (рагби), Кавај Ленард (кошарка), фудбалерите на Ливерпул и Енди Мареј (тенис). За најдобрите по категории ќе одлучува жири од 68 членови, а свечената церемонија на прогласување е закажана на 17 февруари во Берлин. сѓд/гт/

Остани поврзан