• понеделник, 25 ноември 2024

Познатата „ЈУ-група“ слави 50 години на сцената

Познатата „ЈУ-група“ слави 50 години на сцената
Белград, 17 јули 2022 (МИА) - Најдолговечниот рок-ен-рол состав на територијата на поранешна Југославија - „ЈУ-групата“, на 10 септември со концерт на белградски „Ташмајдан“ ќе прослави 50 години работа, соопштија денеска. „На овој, во секоја смисла - одличен бенд, на сцената ќе му се придружат голем број музичари, колеги од цела Југославија, и сите ќе се претстават за време на возбудливата и динамична кампања за концертот, којашто ќе трае цело лето, со грст изненадувања“, се наведува во соопштението на организаторот. „ЈУ-група“ е создадена раните 70-ти и беше прв бенд во Југославија која почна да комбинира рок-музика со елементи на традиционалната музика од Балканот. Составот е основан од браќата Жика и Драги Јелиќ, а со нив, последниве 30 години свири и помладиот Петар Јелиќ. За половина век постоење, „ЈУ-групата“ објави 13 албуми со 134 песни. За роденден го избраа 29 ноември - тогашниот Ден на Републиката.  си/паг/ https://www.youtube.com/watch?v=YcMDM4goinM

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан