• четврток, 02 мај 2024

Пожар над липковско Слупчане

Пожар над липковско Слупчане

Куманово 4 август 2023 (МИА)  - Нискостеблеста шума и сува трева гори над липковското село Слупчане, информираше Територијалната противпожарна единица Куманово.

На терен се две противпожарни возила и седум пожарникари.

И Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти за пожарот над Слупчане кој избувнал попладнево. 

-Пожарот во Липковско е на линија Слупчане - Ваксинце во насока кон Алашевце. Линијата на огнот е подолга од 300 метеи. Во близина има  борова шума. Се прават напори да се спречи ширење во таа насока. Гори трева и грмушки, информкра ЦУК. ам/хс/ 


Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан