• петок, 05 декември 2025

Опожарена викендица кај селата Раштак и Страчинци

Опожарена викендица кај селата Раштак и Страчинци

Скопје, 8 септември 2025 (МИА) - Пожар кај селата Раштак и Страчинци, во текот на вчерашниот ден зафатил дел од викендичка, нема повредени лица, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Вчера во 15 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје е пријавено дека кај селата Раштак и Страчинци настанал пожар и горела сува трева и нискостеблеста шума. Пожарот зафатил помошна просторија од викенд куќа, пет помошни простории за чување живина, разновиден алат и друго, сопственост на Н.М., 51-годишно лице од Скопје, појаснија од МВР.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа на скопската Бригада за противпожарна заштита. бд/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан