• недела, 18 јануари 2026

Пожар во свињарска фарма во Долно Чичево, осум лица се јавиле на лекар поради вдишување чад

Пожар во свињарска фарма во Долно Чичево, осум лица се јавиле на лекар поради вдишување чад

Велес, 18 јануари 2026 (МИА) - Во СВР Велес вчера во 10:45 часот било  пријавено дека  настанал пожар во свињарска фарма на правно лице, во село Долно Чичево, Општина Градско. Во пожарот  угинале шест животни, а причинета била и материјална штета. Поради вдишување на чад, едно лице било пренесено во Општа болница Велес, додека четири лица се јавиле на преглед во Општа болница Неготино и три лица во Општа болница Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес, информираат денеска од СВР Велес.

Увид извршиле јавен обвинител, вешто лице и увидна екипа од СВР Велес.

Како што денеска информираат денеска од Територијалната противпожана единица Велес вчера во 10:37  била примена дојава за запалена хала во свињарска фарма „ АГРИА“ во Горно Чичево

Територијална Противпожарна единица  Велес излегла на лице место со две противпожарни  возило и пет пожарникари. По пристигнување на лице место од нивна  страна пожарот бил затекнат во развиена фаза во кровната конструкција. Благодарение на брзото пристигнување и брзата интервенција пожарот бил  ликвидиран и спречен да се прошири кон другите хали. 

Во интервенцијата нема повредени, причинета е материјална штета, информираат денеска  од ТППЕ Велес.ад/лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан