• среда, 15 јануари 2025

Пожар во парламентот во Романија, евакуирани 300 луѓе

Пожар во парламентот во Романија, евакуирани 300 луѓе

Букурешт, 17 септември 2024 (МИА) – Во романскиот парламент денеска избувнал пожар поради што биле евакуирани 300 лица, пишува „Романија журнал“.

Пожарот избувнал на влезот за посетители.

- Пожарот се случи на влезот во зоната за посетители, на ниво С2. Пожарникарите биле во објектот и веднаш интервенирале, па пожарот веднаш бил изгаснат. Надлежните институции ќе ја утврдуваат причината за пожарот. Гореле текстилни и канцелариски предмети. Во инцидентот нема повредени, се вели во соопштението на Долниот дом на Собранието.

Според полициските информации, машки посетител наводно фрлил запалива материја. Наводно бил фрлен бензин, а полицијата го проверува идентитетот на човекот кој се обидел да побегне. јт/

Остани поврзан