• вторник, 21 мај 2024

Пожар во облакодер во изградба во Хонг Конг

Пожар во облакодер во изградба во Хонг Конг

Хонг Конг, 2 март 2023 (МИА) - Пожар избувна денеска на градилиште на облакодер во Хонг Конг, поради што се активирани голем број пожарникари, соопштија градските власти.

Пожарот избувна во 23.11 часот по локално време (17.11 часот по средноевропско време) во Цим Па Цуи, комерцијален и туристички кварт на морскиот брег. Засега нема информации за жртви.

Пожарот најпрвин бил забележан во близина на скелето на врвот на зградата, а огнот можел да се забележи од пристаништето како и жарот кој паѓа по соседните улици. Еден час подоцна, пожарот се проширил на целата зграда и се спуштил на улицата каде што се собрале стотици пнабљудувачи.

Полицијата соопшти дека огнот зафатил и четири соседни згради, но дека тие пожари се изгаснати.

Таму се гради зграда од 42 ката, во која ќе бидат сместени Поморскиот клуб и нов хотел, а проектот е на Empire Group.

Околу градилиштето има трговски центар, неколку хотели и некои станбени и деловни објекти.

Областа Цим Ша Цуи е популарна туристичка и шопинг област во Хонг Конг. Позната е по своите облакодери и погледот на градското пристаниште Викторија. ссм/

фото: Принтскрин

Остани поврзан