Пожар во градинка во Белград, евакуирани децата
Белград, 27 август 2025 (МИА) - Деца од градинка во белградската населба Вождовац беа итно евакуирани претпладнево поради пожар во објектот.
Пожарот почнал да се шири од дел од кујната во градинката.
Противпожарната служба интервенираше со 13 пожарникари, по што пожарот беше изгаснат. зш/
фото Противпожарен синдикат рбија/веб-сајт