• среда, 01 мај 2024

Пожар во атарот на делчевското село Полето

Пожар во атарот на делчевското село Полето
Делчево, 9 април 2022 (МИА) - Се локализира пожарот кој денеска попладне избувна во делчевското село Полето. Во моментов на терен се екипи на Територијалната противпожарна единица од Делчево кои учествуваат во негово гаснење. -Пожарот избувна околу 16:30 часот, веднаш по дојавата наша екипа се упати на самото место. Иако засега нема опасност за проширување на пожарот во близина на куќите, се уште нашите екипи ќе бидат на терен, се до целосно негово локализирање, истакнаа од ТППЕ Делчево. Во период на зголемување на температурите од Противпожарната единица апелираа да се внимава при ракувањето со запаливи предмети, да не се пали оган на отворен простор особено во услови на ветар и секоја појава на оган навреме да биде пријавена. Ова е прв пожар на отворен простор од вкупно три пожари на кои интервенираа пожарникарите во последните две недели во Делчевско. вс/вј/

Остани поврзан