• понеделник, 08 јули 2024

Поетско читање по повод 100 години од раѓањето на Конески

Поетско читање по повод 100 години од раѓањето на Конески
Скопје, 10 ноември 2021 (МИА) - Поетско читање по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески и 30 години независност на државата, ќе се одржи денеска, со почеток во 19:30 часот во Институтот за македонски јазик во Скопје, информира компанијата „Инфомедиа системи“, која е организатор на настанот.
Поетското читање е насловено „Блаже Конески - Проста и строга македонска песна“, во изведба на Дино Имери, пијано и Симона Спировска, актер.
Настанот се реализира како дел од повикот на Владата за одбележување на 30 години од независноста. ир/сп/

Остани поврзан