Поетско матине во КИЦ на Северна Македонија во Софија по повод 18. роденден
- Во Културно-информативниот центар (КИЦ) на Северна Македонија во Софија денеска, по повод 18-тиот роденден, се одржа поетско матине.
Скопје, 27 април 2023 (МИА) - Во Културно-информативниот центар (КИЦ) на Северна Македонија во Софија денеска, по повод 18-тиот роденден, се одржа поетско матине.
Делегацијата на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) предводена од претседателот Христо Петрески, претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска и членот на претседателството на ДПМ, Бранко Цветковски читаа своја поезија.
Преводот на бугарски јазик го читаше Георги Георгиев-Антика, кој изведе и популарна македонска музика на пијано. Беа присутни познати бугарски поети и пријатели на КИЦ, а настанот го отвори директорот на Центарот, Сашко Насев.
Како гостин на настанот бугарската поетеса Маја Манолова прочита своја песна посветена на Скопје, а Кристина Николовска имаше краток перформанс на пијано.
На ова поетско матине можеа да се сретнат поетите Димитар Христов, Антон Баев, Тања Попова, режисерите Дарко Милошовски, Владлен Александров, сликарите Маријан Ѕин, Иво Пецов, музичарите Султана Марковска, Манол Михајлов, издавачот Пламен Тотев и други гости. бт/сп/