Поетско-музички перформанс на „Велешко лето 2025“
- Поетско-музички перформанс насловен „Поезијата за мојот град“ вчеравечер се одржа на отворено во еден од велешките паркови во рамки на „Велешко лето 2025“.
Велес, 8 август 2025 (МИА) – Поетско-музички перформанс насловен „Поезијата за мојот град“ вчеравечер се одржа на отворено во еден од велешките паркови во рамки на „Велешко лето 2025“.
Како што посочуваат од Општина Велес, преку оваа манифестација велешани потврдија дека овој град секогаш бил и се уште е инспирација за творештво на творците од сите генерации.
Програмата продолжува вечерва со чествување на заштитникот на градот, Свети Пантелејмон, во Соборниот храм „Свети Пантелејмон“ дело на познатиот градител на цркви на Балканот Андреја Дамјанов кој и почива крај него. Вечерва со почеток во 18 часот по повод празникот ќе започне литургија на свештени лица и настап на Валерија Шојлевска Quartet.
Оваа свеченост Општина Велес традиционално ја организира во соработка со Повардарската епархија и владиката Агатангел.
Организаторите ги повикуваат сите граѓани на Велес и околните населени места да дојдат на вечерашната свеченост и заедно да го чествуваат заштитникот на градот.ад/вј
Фото: Општина Велес