„Поетска епизода“ на фестивалот „Комшилук“
- Во рамки на фестивалот „Комшилук“ кој утре се одржува денеска во село Побожје, Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ продолжува со својот циклус поетски читања „Поетска епизода“.
Скопје, 14 септември 2025 (МИА) - Во рамки на фестивалот „Комшилук“, кој денеска се одржува во скопското село Побожје, Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ продолжува со својот циклус поетски читања „Поетска епизода“.
На ова издание на „Поетска епизода“ ќе настапат десетмина поети и тоа: Марија Велинова, Ива Петреска, Владимир Мартиновски, Викторија Ангеловска, Марија Ангеловска, Александра Спасевска, Стефан Спасовски, како и младите поети Ивана Јовановска и Андреј Медиќ Лазаревски, кои и ќе го модерираат настанот.
-Настанот ќе се одвива во периодот од 11:30 до 12:30 во една од куќите во село Побожје во скопската околија каде што се случува фестивалот „Комшилук“ каде што, покрај поетското читање, ќе се одржат и низа други настани како свирки, концерти, настапи на културно-уметнички друштва, изложби, работилници и предавања, како и послужување на храна припремена од локалните жители, појаснуваат од „Култура Бета“.
Со овој настан „Култура Бета“ ги започнува своите програмски активности за вториот дел од годината. сст/мд/
Фото „Култура Бета“