• петок, 22 ноември 2024

Поевтинува мазутот

Поевтинува мазутот

Скопје, 22 март 2023 (МИА) - Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,052 денари за килограм, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.

Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 37,078 денари за килограм. ЕУРОСУПЕР БС - 95 и понатаму ќе се продава за 81 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 83, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 73,5 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,142 отсто, кај дизелот за 1,811, кај екстра лесното масло за 2,208 и кај мазутот за 3,583 отсто. вј/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан