• петок, 22 ноември 2024

Подољак: Украина е подготвена за мировни преговори, но само врз основа на меѓународното право

Подољак: Украина е подготвена за мировни преговори, но само врз основа на меѓународното право

Киев, 31 јули 2024 (МИА) - Украина е подготвена за мировни преговори со Русија, но само врз основа на меѓународното право, изјави синоќа шефот на кабинет на украинскиот претседател, Михаил Подољак. 

Неопходно е Русија да се принуди да почне „вистински преговори“, рече Подољак, пренесе Униан. 

-Руската пропаганда троши многу пари за да создаде впечаток – војна е , ние сме подготвени за преговори, но Украина не. Преговорите секако се неопходни, но важно е да се види под кои услови и врз која основа ќе се одвиваат преговорите. А главната работа на овој концепт (на меѓународното право) е територијалниот интегритет и субјективитет, суверенитетот на државата, наведе Подољак. 

Тој истакна дека преговорите ќе бидат плодни само доколку „профункционираат механизмите за принудување на Русија на мир“. 

-Треба да има многу повеќе испораки на оружје за Украина, особено сите ограничувања, неформални или формални, за удари врз воената инфраструктура, каде и да се наоѓаат во Русија, мора да бидат укинати. Исто така, неопходно е економските санкции да функционираат многу подобро отколку денеска, додаде тој.

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан