• петок, 22 ноември 2024

Подољак: Во Русија допрва почнува

Подољак: Во Русија допрва почнува

Киев, 24 јуни 2023 (МИА) - Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак, постапките на шефот на руската платеничка компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска ги опиша како „антитерористичка операција“ и кажа  дека „во Русија допрва почнува“, пренесоа британските медиуми.

„Поделбата меѓу елитите е премногу очигледна. Согласноста и преправањето дека се е во ред едноставно нема да успее“, напиша Подољак на Твитер.

„Некој дефинитивно мора да загуби - или Пригожин... или колективниот „анти-Пригожин““, додаде тој.

„Во Русија допрва почнува“, заклучи Подољак. сд/

Остани поврзан