• недела, 22 декември 2024

„Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“ во Кавадарци

„Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“ во Кавадарци
Кавадарци, 31 октомври 2022 (МИА) - „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“, е насловен проектот, во рамки на кој деца и млади со попреченост денеска беа во посета на стоматолог во Кавадарци, информираа од Црвен крст Кавадарци.
- Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Кавадарци, согласно проектот финансиски подржан од Комерцијална банка, со вработените од Дневниот центар и Посебните паралелки за деца со посебни потреби, ги реализира договорените и искоординирани термини за посета на стоматолог. Децата и младите со нивните воспитувачи и родители беа топло примени во стоматолошката ординација и беа психички подготвени за целта на посетата на стоматолог и придобивките од прегледот, појаснија од Црвениот крст.
Оттаму соопштија дека околу 30 лица ја посетиле стоматолошката ординација, им бил направен комплетен преглед.
- Беа корегирани некои оштетувања, а притоа им беа посочени совети за понатамошни третмани, со цел подобрување на оралното здравје. Исто така, беше потенцирано и значењето на одржувањето на хигиената на усната шуплина и честите посети на стоматолог, бидејќи овие лица имаат почести проблеми со здравјето на забите, информираа од Црвен крст Кавадарци.
Децата биле придружувани од волонтерите на Општинската организација Кавадарци. свд/ар/

Остани поврзан