• недела, 22 декември 2024

Поднесени нови приговори до ДИК за сумирање и утврдување на резултатите

Поднесени нови приговори до ДИК за сумирање и утврдување на резултатите
Скопје, 18 јули 2020 (МИА) - До ДИК се пристигнати нови приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите. Попладнево пред истекот на рокот над 1980 приговори поднеле од Левица, а порано денеска Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива поднела 77 приговори. Претходно до синоќа беа поднесени 82 приговара. Вечерва во 19 30 завршува 48- часовниот рок за поднесување приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето, а синоќа во 21 часот заврши рокот за поднесување пригвори за постапката за гласање. СДСМ најави дека нема да поднесе приговори за овие избори. Најавени се приговори од други политички партии,но тие се уште не се пристигнати до ДИК.ев/вг/      

Остани поврзан