• среда, 15 мај 2024

Подморница на САД со наведувани ракети пристигна на Блискиот Исток

Подморница на САД со наведувани ракети пристигна на Блискиот Исток

Вашингтон, 6 ноември 2023 (МИА) - Американската војска соопшти дека на Блискиот исток пристигнала американска подморница од класата Охајо со наведувани проектили.

На социјалните мрежи беше објавена и фотографија на која се гледа подморница во Суецкиот канал североисточно од Каиро.

-Војската ретко ги објавува движењата или операциите на својата флота од подморници со балистички и наведувани ракети, а оваа најава е јасна порака за одвраќање насочена кон Иран и неговите сојузници во регионот, забележува Си-Ен-Ен.

Подморницата, која не е именувана, им се придружува на голем број други бродови на американската морнарица во областа, вклучувајќи и две ударни групи на носачи на авиони. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан