• четврток, 25 јули 2024

Поддршка за кандидатурата на Стево Пендаровски од коалициските партнери на СДСМ

Поддршка за кандидатурата на Стево Пендаровски од коалициските партнери на СДСМ

Скопје, 4 март 2024 (МИА) - Традиционалните коалициски партнери на СДСМ ја поддржуваат кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата. Како што соопшти партиската прес-служба, на денешниот работен состанок на највисоките претставници на партиите од Коалицијата предводена од СДСМ јасно е изразена поддршката за неговата кандидатура и заеднички е оценето дека Пендаровски е победнички кандидат со јасна европска визија за иднината на државата.

Заедничката согласност за поддршка на кандидатурата на Пендаровски партиите од коалицијата се очекува да ја потврдат и на своите органи и партиски тела.

- Во досегашниот мандат Пендаровски покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Со негова одговорност и независност го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата. Зад себе Пендаровски има мандат без ниту една стратешка грешка, без ниту една корупциска афера или случај на судир на интереси. Пендаровски е претставник на сите наши граѓани без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност. На претстојните избори, изборот пред граѓаните е продолжување на напредокот кон ЕУ или изолација.
На граѓаните и на државата не им треба претседател кој ќе кочи, туку претседател, како Пендаровски кој ќе турка напред по вистинскиот пат, кон европски животен стандард и европски вредности. Македонските граѓани сакаат прогрес, економски напредок, стабилност, мир и спокој. Затоа партиите од Коалицијата ја поддржуваат кандидатурата на Пендаровски и очекуваат силна поддршка од граѓаните на претстојните избори, се наведува во соопштението од СДСМ по денешниот состанот со коалициските партнери.

фото/видео: СДСМ

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан